Објавено на:

(Видео) Нов украински напад на руска територија, гори депо за нафта!

t

Нападот со беспилотни летала изведен во текот на ноќта врз рускиот регион Курск, кој граничи со Украина, предизвика експлозии и пожари во областа,  а зафати и големо складиште за нафта.

Алексеј Смирнов, гувернерот на областа Курск, утринава објави дека руската  противвоздушна одбрана е „во состојба на готовност“ поради заканата од напади со беспилотни летала и го предупреди населението да биде „внимателно“притоа  не соопштувајќи  никакви детали за евентуалните сознанија за нови напади.

Киев Индипендент наведува дека засега нема информации за жртви или материјална штета.

Курската област се наоѓа на другата страна на границата со украинската област Суми.

Киев Индипендент наведува дека, како и другите руски области кои се граничат со Украина, во последните месеци, руските погранични области се постојана цел на украиснките  беспилотни летала и друго оружје со долг дострел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија осуди фотограф на 16 години затвор…

Руски суд во четврток соопшти дека го…

Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…

Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…

Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…