(Видео) „Нè тeпaa, нè мaлтрeтирaa по бугарски логори затоа што сме Македонци!“ – Потресни сведоштва на пиринските Македонци под Бугарско ропство
Пиринска Македонија отсекогаш била дел од етногеографската област Македонија и поради тоа на нејзиното подрачје се случиле повеќе значајни настани од македонската национална историја, од таму потекнуваат многу македонски национални борци, дејци и историски личности кои дејствувале и работеле на подрачјето на пиринскиот дел на Македонија. Една од најпознатите македонски историски личности од овој дел на Македонија е Јане Сандански, друг познат македонски борец и деец од Пиринско е поетот и револуционер Никола Вапцаров. На подрачјето на Пиринска Македонија е дигнато познатото Македонско востание против турската власт во 1878/79 година со центар во Кресна, а исто така е изведено и познатото грабнување на американската мисионерка Мис Стон во 1901 година. Уште од античко време подрачјето на Пиринска Македонија било населувано од античките народи Тракијци, Пајонци и Македонци, а била приклучена и кон царството на Античка Македонија.
Употребата на термиот Пиринска Македонија за првпат се среќава кај Димитар Влахов, поточно во неговата статија „Македонските Славјани против Хитлер“, објавена во списанието „Славјане“ во Москва на 4 септември 1942 година, а истиот термин од истиот автор повторно ќе биде употребен и во статијата „Македонскиот народ во борба за своето обединување“ што била објавена во истото списание на 4 април 1944 година. Овие изрази што ги употребил Димитар Влахов во споменатите статии, биле прифатени и „верифицирани“ како такви, во материјалите од Второто (односно Првото вонредно) заседание на АСНОМ што било одржано во Скопје од 28 – 30 декември 1944, при што од тогаш па сè до денес ќе се задржи именувањето Пиринска Македонија и соодветно Вардарска и Егејска за останатите делови на Македонија во науката, дневниот печат, политиката, секојдневниот живот и културата
Македонците во Бугарија, или како Пиринци или Бугарски Македонци — староседелско население кое претежно живее во Пиринска Македонија, во југозападниот дел на денешната Република Бугарија.
Во определени периоди постоело и иселување од политички и економски причини, од другите делови на македонската регија. Иселувањето се одвивало во неколку поголеми бранови: средниот век, во ренесансата, по ослободувањето на Бугарија од турската власт, по Илинденското востание, по Балканските војни и Првата светска војна. Македонската емиграција во Бугарија e најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство.
Според државната статистика на Република Бугарија на последниот одржан попис во 2011 година, како Македонци се изјасниле 1.654 жители на Бугарија (0,02%), а на пописот од 2001 имало 5.071 Македонци. Но, според Красимир Канев, претседател на Бугарскиот Хелсиншки комитет, во 1998 година нивниот број бил неколкупати поголем. Во извештајот, Канев наведува бројка од 15.000-25.000 етнички Македонци во Република Бугарија. Невозможно е да се каже колкав е точниот број, особено поради фактот што различни извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите се согласуваат дека голем број (над два милиони, вклучувајќи и од мешани бракови) од граѓаните на Република Бугарија се потомци на доселеници од Македонија, кои како емигранти или бегалци својот дом го нашле во Бугарија.
Според официјалнот став на Бугарската држава поимот Македонци означува жители на одреден регион во државата и Македонците се дел од бугарскиот народ. Политички, Македонци се само граѓаните на Република Македонија кои живеат во Бугарија (вклучително и Албанците од Македонија) е службен став на бугарската држава.
Според Стојко Стојков, еден од водачите на ОМО Илинден – Пирин, во Бугарија живеат од 5.000 до 10.000 луѓе кои се декларираат како Македонци, но претходно нивниот број бил до 187.000 души. Со оглед на одбивањето да се регистира ОМО Илинден – Пирин останува да се претпоставува дека оваа бројка е блиска до вистинската, а можеби и поголема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…