(Видео) Обвинителката Крстевска-Јосифовска тврди: Палевски пукал во главата на Вања, таткото бил дел од планот за киднапирање

t

Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска го започна својот воведен говор за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панже Жежовски коментирајќи го како еден од најтешките кривично правни настани во историјата на Република Македонија.

-Со денешната расправа започнува постапка против обвинетите за еден од најтешките кривично-правни настани во нашата држава, двојно грабнување и двојно убиство. На обвинетите (ги набројува сите освен таткото) им се става на товар дека сториле кривично дело убиство по 123 став 3 од КЗ, едно кривично дело грабнување (членот сѕтав 2 кз), а таткото се товари за грабнување.

Во настаните секој од обвинетите имал своја улога преземјаќи конкретни дејствија кои детално биле претходно разработени, обвинетиот Александар Ѓорчевски им помогнал во сторување на делото давајќи му на Палевски информации за времето во кое девојчето излегува од дома.

Планот го спровеле кога Вања излегла сама од својот дом на војот прв училишен час, грабнувањето било со цел друг член од нејзиното семејство да го присилат да даде откуп. Обвинетите биле сигурни дела во петок Вања излегува сама, бидејќи Миња почнува од втор час. Тргнале за да го спроведат планот, но поради сообраќајна гужва задоцниле. За тоа дека Миња ќе почне од втор час бил известен само таткото на Вања, обвинетите знаеле каде има камери, како да се движат и како да влезат за да не бидат снимени. Обвинетите дошле пред зградата по пат и инструкции дадени од Палевски. Влатко Кешишев чекал во возилото и внимавал да не дојде никој, Маневски со штрафцигер ја отворил влатата, а останатите двајца (без таткото) носеле вреќа и ја чекале Вања.

Вања ја ставиле во вреќа за спиење, со подотворен патент, со пластични стеги на рацете и селотејп, со врзани нозе, и се заканиле да не вика оти ќе пукаат и ја изнеле од врата, ја ставиле во гепек.

На бул . Партизанска го скршиле телефонот на Вања за да нема сигнал, според претходни инструкции од Палевски се движат кон Качанички Пат, каде се сретнале со Палевски. Во близина на атарот на местото дупки во село Бразда, на свиреп начин со умисла го лишиле од живот оштетеното дете Вања Ѓорчевска, изложувајќи ја на силно психичко страдање.

Го извадиле детето од гепек, ја ставиле во претходно ископана дупка, обвинетиот Палевски испукал еден куршум во пределот на главата на Вања. Како резултат на истрелот дошло до смрт на Вања. По тој настан го запалиле возилото за бензин, по што сите заедно заминале.

Хронологијата започнува неколку дена проано, за грабнувањето на Панче Жежовски, обвинетите Палевски, Манев, Маневски и Кешишев и тука делувале заедно со претходно осмислен план. Тој ден околу 9 часот во Велес го извршиле грабнувањето на оштетениот со намера да го присилат да стори нешто, да го даде на обвуинетиот своето возило Цитроен за да го искористат за грабнување.

Го фатиле, го турнале, го врзале. Палевски го фрлил во долот телефонот на Панче Жежовски, се упатиле до местоот викано рудник во Велес, таму од користиљубие и на свиреп начин го лишиле од живот Панче Жежовски за да се стекбат со корист (автомобил) го зиложиле на тешко психичко страдање оштетениот.

Додека Кешишев чувал стража , останатите двајца Боре Видевски и Велибор Манев со спуштиле во дупката, а обвинетиот Плаевски испукал еден куршум во пределот на главата. Како резултат на истрелот дошло до пореметување и прекин на работата на важните мозочин центри со што дошло до смрт, по што го закопале телото и заминале.

Обвинетите не покажале никакво каење, никој не пријавил дека се грабнати Вања и Панче.

Кога Палевски претпоставил дека ќе бидат откриени заминал и ја напуштил државата најпрво одејќи во Србија, па во Р. Турција од кадешто беше екстрадиреан.

Обвинителството ги докажа сите дела, од приложените докази ќе се докаже дека обвинетите имале меѓусебна комуникација, подолг временски период се подготвувале за секое кривично дејствите, за време на изврувањето на дејствијата не носеле телефони. Александар Ѓорчевски помогнал со давање на информации кога ќе излезе Вања од дома, вели во својот воведен говор обвинтелката Жаклина Крстевска-Јосифовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…