(Видео) Обвинител да истражи дали има нелегално финансирање за претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ!
Гордана Димитриевска Кочовска им порачува на координаторите кои се дел од Извршниот комитет да ги контактираат градоначалниците, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, да ги подмират нивните обврски. На партијата, вели таа, ѝ се потребни 4 МИЛИОНИ ЕВРА за кампањата за изборите, вели Димитриевска Кочовска.
Дел од овој документ објави новинарот Фуркан Салиу, кој во неделата беше брутално приведен од страна на полицијата.
Овој документ се коментираше во вчерашната епизода на “Тешки муабети“.
– Има обвинител надлежен обвинител за изборите, еве му ги документите, Фуркан има и други документи, а обвинителот треба да провели дали на сметката за претседателски избори, а посебна за парламентарни избори, дали на таа сметка има 4 милиони евра, од каде се влезени и дали имаат покритие. Ако нема, треба да провери дали се земени во кеш и се покривани активностни на ВСМРО. Тоа е нелегално финансирање на кампања и би требало овие лица да добијат обвинителен акт, вели Митовски.
Што е со мешање на странски држави и партии во изборите на Република Македонија, прашува професорот Оливер Андонов, во врска со спомнувањето на името на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија.
Дополнително, Андонов прашува кој врши притисок врз градоначалниците, да работат спротивно на закон.
– Треба да се праша кој врши притисок врз градоначалниците. Како фирми кои добиваат тендери од општините потоа стануваат големи донатори на партијата, вели Андонов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…