Објавено на:

(Видео) Објавена пораката која Зеленски сакаше да ја каже во Катар: Нема победник во војна!

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи одржување на глобален самит за мир оваа зима во видео пораката за која Киев се надеваше дека ќе биде емитувана пред финалето на Светското првенство во Катар, иако се чинеше дека ФИФА нема да го дозволи тоа.

Американскиот CNN во петокот објави дека Зеленски побарал дозвола од ФИФА да ја сподели својата порака за мир пред финалниот натпревар.

„Понудивме формула за мир на светот. Апсолутно фер. Ја понудивме затоа што нема победник во војната, не може да биде нерешено“, рече Зеленски во видео пораката што ја објави неговиот кабинет.

„Самитот ќе ги обедини сите народи“

Русија ја нападна Украина во февруари, нарекувајќи ја „специјална воена операција“. Илјадници цивили беа убиени во конфликтот, а милиони луѓе, чии домови беа уништени, беа раселени.

„Ја објавувам иницијативата за одржување на самитот на Глобалната формула за мир. Самит кој ќе ги обедини сите народи во светот со цел светски мир. Трибините на стадионите се празнат по натпреварот, а по војната градовите остануваат празни“, рече Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…