Објавено на:

(Видео) Објавена снимка од осомничената за убиството на Дарја Дугина

t

На интернет кружи наводна снимка од Украинката Наталија Вовк, која е осомничена за убиството на Дарја Дугина, 29-годишна новинарка и ќерка на познатиот руски политички филозоф, Александар Дугин.

Дугина беше убиена во саботата вечерта на пат во предградијата на Москва во експлозија на автомобил-бомба што била поставена под автомобилот што таа го возела.

Русија инсистира дека украинските сили стојат зад смртта на Дугина. Според руската државна новинска агенција ТАСС, „државјанка на Украина, идентификувана како Наталија Вовк“, наводно стои зад нападот, а руската шпионска служба, ФСБ, вели дека таа побегнала во Естонија.

Руската разузнавачка агенција ФСБ, имено, ги објави резултатите од истрагата за атентатот во кој беше убиена Дугина.

– Утврдивме дека злосторството го подготвила и извршила украинската специјална служба. Сторителот е Наталија Павловна Вовк, украинска државјанка родена 1979 година, која дошла во Русија на 23 јули 2022 година со нејзината 12-годишна ќерка, се вели во извештајот на ФСБ објавен денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ