Видео: Објавена снимка од Путин од 1990-тите како игра пинг-понг во Финска
Се појави видео на кое се гледа како сегашниот руски претседател Владимир Путин ја посетил Финска на почетокот на 1990-тите. Финскиот радиодифузен сервис ЈЛЕ доби никогаш досега виден аматерски филм од анонимен извор. Видеото е направено недолго откако Путин, кој тогаш имал околу 40 години, станал советник на Анатолиј Собчак, градоначалникот на Санкт Петербург.
Во видеото, Путин и Собчак играат пинг-понг против телохранителите на градоначалникот, пишува Гардијан.
На следната снимка се гледа како семејството на Путин заминало на риболов. Покрај неговата тогашна сопруга, Људмила, во видеото се гледаат и нивните две ќерки Марија и Катерина. Видеото било снимено во угостителска вила во сопственост на финската компанија Томесто, која увезувала дрва од Русија.
Вилата се наоѓала на островот Торсо, околу 95 километри западно од Хелсинки, на јужниот брег на Финска. Потоа, сегашниот руски претседател се вратил во Ленинград – сегашен Санкт Петербург – во 1990 година, откако поминал пет години како разузнавач на КГБ во источногерманскиот град Дрезден.
Тој се приклучил на тимот на Собчак и станал шеф на комитетот за надворешни односи, одговорен за трговски работи и странски инвестиции. Од овој период датираат и првите обвинувања против Путин за корупција. Путин тврдел дека поднел оставка од КГБ во август 1991 година во знак на протест поради неуспешниот пуч против Михаил Горбачов.
Според изворот на ЈЛЕ, Путин за време на неговата посета на Финска признал дека работел за шпионска агенција. Изворот ја опишал Људмила како „многу пријатна“. „Не можевте да се приближите до Путин, како каде што можете да испиете неколку пијачки заедно и да разговарате за жените и животот – ништо слично. Тој беше многу рестриктивен во однос на алкохолот и не пушеше цигари“, опишал изворот.
https://twitter.com/nexta_tv/status/1705933520340738268?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1705933520340738268%7Ctwgr%5E2773c5f304a09923840df36ad34540efcadb070c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-objavena-snimka-od-putin-od-1990-tite-kako-igra-ping-pong-vo-finska%2F
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…