[ВИДЕО] Ова е најголемиoт вински подрум на светот – се протега на над 200 километри
За обиколување на овој вински подрум ќе ви биде потребен велосипед или некое друго превозно средство.
Во суштина, најдобро е да бидете со автомобил затоа што станува збор за најголемиот подземен подрум на вино во кој се чуваат речиси 2 милиони шишиња.
Во Молдавија се наоѓа најголемиот вински подрум на светот. Милести Мици е името на комплексот којшто е направен во 1969 година поради складирање и чување на најквалитетното вино.
Во подрум секогаш температурата е константна од 12 до 14 степени на која се чуваат црвени, бели и десертни вина.
Подрумот се протега на 200 километри, се користи само четвртина од тоа, околу 55 километри. Цел подрум е организиран како град, со улици и плоштади.
Исто така постои и дел којшто е преуреден како музеј. Во комплексот на подрумот се чуваат огромен број на вина, над 1,5 милиони шишиња што е најголемиот збир на вина во светот според Гинисовата книга на рекорди.
Влегувањето и дегустацијата се наплаќа 25 долари, а доколку сакате разгледување со водич и ексклузивна вечера тоа ќе ве чини околу 200 долари.
Во тоа е пресметано и возењето со електрични вовчиња, автомобили или велосипеди затоа што пешки е невозможно да се обиколи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…