(Видео) Ова се лицата кои се тепаа со секира во Струмица: Едното е приведено, по другото е распишана потерница

t

По објавување на видео на социјалните мрежи од тепачка во центарот на Струмица и во која едно лице употреби и секира, денеска полицијата објави дека е е утврден идентитетот на учесниците и едното лице е приведено, а другото се бара.

Во соопштението од СВР Струмица се наведува дека учесници во трепачката се С.А.(49) од Струмица и Ќ.Д.(32) од Штип.

– Пронајден е и лишен од слобода С.А., со кого е извршен службен разговор во просториите на СВР Струмица, а за Ќ.Д. кој по настанот побегнал е објавен централен распис за негово пронаоѓање, стои во полициското соопштение.

Се додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ова се лицата кои се тепаа…

По објавување на видео на социјалните мрежи…

Македонски државјанин пронајден мртов во стан во…

Македонски државјанин е пронајден без знаци на…

Кавгаџиите посебно оној министер за спорт нека…

Проблемот околу оваа државна брука со младинската…

Три жени осомничени за полови дејствија со…

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за…

Трагичен крај на потрагата: Исчезнат маж од…

Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската…