(Видео) Ова се пратениците кои не земале патни трошоци!

Дека не е се така лошо во македонската политика и македонското општество покажуваат и неколкумина пратеници кои не земале патни трошоци, а ги има од сите политички партии.
Станува збор за пратеници кои не се од Скопје, а не земале ниту денар за патни трошоци, иако се редовни и активни во Собранието.
Да почнеме со Левица, покрај Димитар Апасиев кој е од Скопје и нема да го вклучиме во листата, пратеникот на Левица од Штип, Борислав Крмов, не земал патни трошоци.

Крмов како што можете да видите Крмов поднел 2471 амандман.
Следен кој не земал патни трошоци е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Јован Јаулески.

Јаулески бил активен во Собранието, има поднесено 1238 амандмани согласно статистиките на Собранието.
Патни трошоци не земал ниту ген-секот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој е од Кичево.

Грација Бакраческа е исто така дел од оваа листа.

Од СДСМ, патни трошоци не земала пратеничката Емилија Рамбабова од Штип.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети исто така не земал патни трошоци.

Тука е и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

И претседателот на Алтернатива Африм Гаши е во оваа листа без патни трошоци, а исто така и Мендух Тачи од ДПА.


Инаку Инфомакс побара податоци за тоа кои пратеници склучиле договор за закуп на подвижни и недвижни ствари со Собранието и истите ќе бидат објавени веднаш штом ќе ги добиеме податоците.
А во продолжение прочитајте колкави патни трошоци земале останатите пратеници од Собранието и погледнете сликовито кој што возел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
Собранието цела недела на ормор, ти народе…
Собранието цела недела на ормор, ти народе…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…