(Видео) „Овде Македонија припаѓа“: Сме имале „претставници“ на самитот на БРИКС во Казан
Претседателот на политичката партија Македонска Ера Трета – Суверенисти, Горан Тасковски, и делегација од неговата партија биле единствените присутни од Македонија на штотуку завршениот Самит на земјите-членки на асоцијацијата БРИКС во Казан, Русија. Тасковски во видео кое го објави битолската телевизија „Тера“ порача дека „местото на Македонија е во БРИКС“.
„За жал освен ние, како „Слободен свет“ и Македонска Ера Трета Суверенисти овде нема никој, буквално не само од Македонија, туку ниту од Балканот. Сакаме да кажеме дека ние ја гледаме иднината, значи нас нè интересира како Македонија да оди напред. Нас не нè интересира дали нашата власт или било која друга власт сака да биде полтрон или сака да ги задоволи интересите на други држави, а во спротивно нашата држава, Македонците страдаат“, вели претседателот на Македонска Ера Трета, Горан Тасковски.
Тој вели дека БРИКС „се карактеризира како организација на мирот, која ги решава сите спорови и недоразбирања пред сè помеѓу членките и сите останати“. Според Тасковски, БРИКС промовира своја валута, банка, пазар, „трасира нова светска иднина, каде сите се еднакви и рамноправни, без омаловажување“.
Фото: ТВ Терa
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Овде Македонија припаѓа“: Сме имале „претставници“…
Претседателот на политичката партија Македонска Ера Трета…
Лајен му се налути на Вучевиќ
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…
(Видео) За вас плаче мајка Егејска, за…
Еве како се забавуваат Македонците од Егејска…
Прободено момче со нож во Скопје
Во автобус на еден од приватните превозници,…
„Л’Екип“: Мбапе ќе ја добие војната, ПСЖ…
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе води војна против…