(Видео) Од стара црква си направила дом: Спие на олтарот, а оргулите ги користи како шанк

t

Присила и нејзиниот сопруг Мортон живеат во црква стара 154 години во внатрешноста на Пенсилванија, САД. Тие ги отворија вратите од својот необичен дом за корисниците на социјалните мрежи и покажаа како го уредиле.

За време на обиколката, жената покажала делови од зградата од 900 квадратни метри, вклучувајќи и двор со голем паркинг и камбанарија.

Присила на почетокот го покажала своето студио во кое изработува накит и други предмети. Потоа ја снимила спалната соба сместена во источниот олтар и големиот ѕид каде што проектираат филмови.

@the1870studio

#church #cheap #scotland #outlander #realestate #howto #trending

♬ original sound – The1870studio

Таа објасни дека поголемиот дел од времето го поминува со сопругот во западниот олтар, каде што ја уредиле дневната соба, пренесува „Сан“.

Кога станува збор за декорирањето, жената инсистира на креативност, а одредени парчиња мебел ги нашла покрај контејнерите.

„Ги зачував овие прекрасни столчиња и морам да ги тапацирам“, рекла таа.

Црквата ги задржала повеќето од своите оригинални карактеристики, вклучувајќи ги и оргулите, кои ги претвориле во шанк.

@the1870studio

Replying to @p. #church #home #history #tour #fyp #pennsylvania

♬ original sound – The1870studio

Во огромниот простор има бројни катчиња за одмор, пишување, забава, како и трпезариска маса од шест метри. Нивниот син живее во подрумот од црквата, кој се простира на околу 200 метри квадратни, со две спални соби.

Присила ја покажа и надворешноста на црквата, терасата за сончање и големиот паркинг. Таа посочува дека еден од највозбудливите делови е камбанаријата со поглед на блиското село.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…