(Видео) Општонароден бунт во Пелагонискиот регион! Народот со аргументи ги нокаутираше владините емисари кои проповедаат колку е убаво да има регионална депонија во Битола!
Во Битола има најголема смртност, зголемен број на спонтани абортуси, зголемен број на случаи со рак на дојката, зошто во Битола да има регионална депонија? – прашуваат граѓаните на денешната дебата на која владините емисари, меѓу кои и заменик-министерката за животна средина, Ане Лашкоска, кои ги убедуваат граѓаните дека се ќе биде прекрасно доколку се изгради регионалната депонија во Битола.
– Зборувате за европски стандарди, европски стандард е максимум 20% депонирање на отпад, вие предвидувате 70% депонирање, за какви европски стандарди зборувате? – прашуваат граѓаните.

Тие истакнаа дека веќе има доволно пропусти, а изградба на регионалната депонија ќе значи дополнително гушење на Пелагонискиот регион.

На настанот се присутни граѓани од Битола, Могила, Новаци и останати општини кои се против изградбата на регионалната депонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
24 години од нападот кај Гајре, во…
Денес се навршуваат 24 години од нападот…
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…
Газди од Битолско измамиле 27 земјоделци, ги…
Сопствениците на компанија од Битолско ќе одговараат…