(Видео) Орбан: Се распаѓа либералниот светски поредок, Трамп го зададе последниот удар
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека либералниот меѓународен поредок се урива пред очите на сите и дека добата на нациите е дојдена. Во говор што го објави на социјалната мрежа X, тој изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп му го задал последниот удар на либералниот светски поредок. Орбан нагласи дека промените носат реорганизација, неизвесност и опасности.
„Ова е она што нè очекува во наредните години. Меѓународните договори и организации веќе не се одлучувачки. Тие се беззаби лавови, кои сè уште рикаат гласно во саваната, но ниедна антилопа повеќе не се плаши од нив“, рече Орбан, истакнувајќи дека на овие организации не може да се потпре или да им се верува дека ќе помогнат кога е потребно. Орбан рече дека добата на билатерални договори, лични односи, интереси и моќ е дојдена. „Добата на нациите е дојдена. Добрата вест е дека почнавме да се подготвуваме на време“, рече Орбан.
Тој оцени дека оние кои денес најгласно плачат покрај „ковчегот на либералниот светски поредок“ не разбрале ниту сакале да разберат што прави Унгарија и зошто. „Тие се смееја на унгарската надворешна политика, но знаеме кој ќе се смее последен“, рече Орбан. Според него, денес Вашингтон, Пекинг, Москва и Истанбул се заинтересирани за успехот на Унгарија. Орбан истакна дека Будимпешта постигнала и продолжува да постигнува десетици договори со водечките светски сили во областа на трговијата, инвестициите и одбраната и дека овие договори ќе го гарантираат безбедниот развој на Унгарија дури и во овој нов светски поредок, за кој рече дека наликува на филм од Дивиот Запад. „Мир повторно, меѓународно почитување, развој, силна и голема Унгарија – Фидес“, додаде Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…
Орбан: На барање на Унгарија создадена иницијатива…
Групата „Пријатели на мирот“ на земји од…
Oрбан: Унгарија нема да прима мигранти
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…