(Видео) Османи: ДУИ се бори за унитарна држава

t

Министерот за надворешни работи на Република Македонија и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, ги прокоментира обвинувањата дека на огласи за вработување во Берово и Кавадарци има работни позиции определени за Албанци.

Османи на Фејсбук сподели краток исечок од неодамнешното гостување во Канал 77 каде вели:

– Да бевме ние злонамерни кон оваа држава, ние ќе сакавме дезинтеграција, Ако не нѐ сакате во институциите, океј, алтернатива. Ние се бориме за унитарна држава, ние се бориме да влеземе во институциите за да работиме во едни исти канцеларии. За жал, сѐ уште Македонците и Албанците живеат во паралелни светови. Има многу малку мостови кадешто заедно работиме, тоа се државните институции. Да не беше оваа правична застапеност, ние ќе немавме веќе ни комуникација никаква помеѓу народите. Тие работат сега во иста канцеларија, стануваат пријатели, ги лекуваат стереотипите. И затоа кога гледам како се демонизира улогата на ДУИ, партијатра која успеа да го внесе еден народ во институциите, нема дуизација, докторите се Албанци, не ДУИ. Ама ВМРО не смее да каже Албанците ни ги зафатија институциите, велат ДУИ ги зема.

Видовме тренд кога директор е Македонец, вработува само Македонци, кога директор е Албанец, ги фаворизира Албанците, Затоа е балансерот, за да се изпочитува демографската реалност и не можете да објавите конкурс доколку Балансерот не ви покаже така. Ако во МНР има 25% Албанци, следниот вработен не може да биде Албанец, ќе треба да вработиме Македонец.

Има злоупотреби, но тоа се исклучоци. Луѓето во принцип се субјективни и тие раководители ќе се насочат кон своите, дали етнички, дали партиски, Балансерот е механизам да овозможи во рамки на мерит системот соодветно вработување. – вели Османи.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Охрабрете се да започнеме меѓународно мониториран…

„Охрабрете се да започнеме меѓународно мониториран ветинг…

ДУИ: Стравот од целосен ветинг не се…

Демократската унија за интеграции бара веднаш да…

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…