(Видео) Османи: Палењето на македонското знаме е за осуда – ДУИ не е државен непријател

t

Ниту како партија, ниту лично не ми е тешко што сме опозиција, вели во гостување во подкастот „Политиканти“ на Инфомакс поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

Во врска со неодамнешните настани со палењето на македонското знаме, Османи ги осуди таквите активности.

– Палењето на знамето е за осуда. Овој ден има карактер на прославување со музика, со забави и не се случило во овие години на луѓето да им излезат полициски возила, да ги блокираат. Излезе информација дека полицијата ги спречува луѓето да прославуваат, тоа е пред да се случи ова со знамињата, објаснува Османи кој кажа дека тоа не е никакво оправдување.

– Целата атмосфера создадена овие месеци, јас не велам дека луѓето кои го газеа знамето верувам дека биле со своја лична агенда, но беше создавана атмосфера за тоа да се случи, вели Османи.

Водителите, Сашо Орданоски и Борјан Јовановски посочија дека на ДУИ му одговараат вакви случаи, особено бидејќи е во опозиција, на што Османи одговори дека ДУИ има институционална меморија, кадровски потенцијал и дека партијата не би била дел од било каква дестабилизација.

– Ова е една мисија на растурање на некои договори, а ова на 11 декември ќе биде последен клинец во ковчегот. Охридскиот рамковен договор се заснова на три столба, етничката идентификација, врз основа на која произлегуваат некои заштитни механизми. Албанците беа маргинализирани, исфрлени од системот. Тоа е југословенски интерес, низ кој е еманципиран македонскиот народ последните децении, непријателот е дефиниран и се создава идентитет наспроти Албанците. Никогаш во историјата немало сериозни прекршувања меѓу Македонците и Албанците, има одлични услови да се создаде една хармонија но елементите на таа длабока држава продолжува да ја фрактурира ситуацијата, истакна Османи.

Кој ги претставува Албанците, одлучуваат Албанците на избори, додаде Османи кој смета дека ДУИ има легитимитет да зборува во името на Албанците, согласно изборните резултати.

– Има тенденција албанофобијата да се прикрие преку ДУИфобија, а не обратно. Заради политичка коректност албанофобијата се прикрива со една политика против ДУИ. Видете ја изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, од слоганот и понатака. Тој слоган е парадигма на албанофобија, смета Османи.

– ДУИ е партијата која го интегрираше целиот народ во системот, наместо да се одвои. До македонските граѓани, ДУИ е партијата која беше носител на проектот членство во НАТО, ДУИ беше тој кормилар, ДУИ беше парадигма на европската агенда и сега ДУИ бил државен непријател, коментира Османи во врска со обвинувањата дека ДУИ е непријател на Македонија и македонскиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крстевски: Ќе се кандидирам како независен…

Во гостување во „Политиканти“ на Инфомакс в.д…

(Во живо) Крстевски: Пониква не е соодветен…

Пониква не е соодветна за рехабилитационен центар…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…

Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…

ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…

Без срам власта е подготвена да ги…