(Видео) Официјално: Иран презеде одговорност за нападот на американскиот конзулат во Ирак!
Иранската револуционерна гарда денеска ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз северен Курдистан во Ирак, во близина на комплексот на американскиот конзулат, тврдејќи дека нивна цел бил „израелски стратешки центар“ и му се закани на Израел со нови „деструктивни“ одговори.
Изјавата е објавена на порталот на иранската гарда Sepah News.
На американскиот конзулат во Ербил, главниот град на автономниот Курдистан во северен Ирак утрово биле истрелани 12 балистички проектили, соопштија локалните власти, наведувајќи дека во нападот нема жртви, но дека е причинета материјална штета.
Ракетите биле истрелани од територија надвор од границите на Ирак и Курдистан, од исток, соопштија официјални лица.
Според текстот на соопштението на Иранската револуционерна гарда, тие одговориле на „неодамнешните злосторства на ционистичкиот режим“, што се однесува на израелскиот напад во понеделникот во Сирија, кога беа убиени двајца нивни офицери.
Портпаролот на Стејт департментот денеска изјави дека за време на нападот нема штети или жртви во објектите на американската влада.
Иранската револуционерна гарда во денешното соопштение му се закани на Израел со „тешки, решителни и деструктивни одговори на нивните злосторства“.
Од почетокот на војната во Сирија пред 11 години, Израел изврши стотици воздушни напади врз својот сосед, чија цел беа воени позиции, како и борци на либански Хезболах и други милиции поддржани од Техеран. Израел ретко ги коментира тие напади, но наведува дека нема да дозволи неговиот непријател Иран да го прошири своето влијание во Сирија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Иран крена црвено знаме над џамијата, еве…
ИРАН го крена црвеното знаме на одмазда…
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИРАН: Најмалку 4 лица…
Најмалку четири лица загинаа, а 120 се…