(Видео) Очигледен е стравот на Мицкоски од содржината на материјалите на АНБ
Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски од содржината на материјалите кои треба да го докажат наводното негово следење од страна на службите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа вели дека со вчерашната изјава премиерот потврдил дека нема никаква намера да ги декласифицира документите кои би ги докажале неговите наводи дека нелегално бил следен.
„СДСМ уште еднаш прашува од каде толкав страв од објавувањето на содржината на материјалите од наводното следење? Ако СДСМ прислушувала како што тврди власта, зошто се плаши да ги декласифицира документите? Што во тие документи го плаши Христијан Мицкоски толку многу? Дали овие документи содржат докази за соработка на Мицкоски со странски непријателски служби? Дали Мицкоски работел на штета на интересите на државата за странски пари? Дали Христијан Мицкоски имал комуникација со руски агентури кои финансирале екстремизам и дестабилизаиција на државата? Дали овие документи содржат наводи за нелегално финансирање на партијата, ВМРО-ДПМНЕ поврзано со „Делчевски ниви“?“, праша Кузеска. Ако Христијан Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи, додаде таа, го повикуваме директорот на АНБ, Бојан Христовски да го стори истото и да го стави државниот интерес пред интересот на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Очигледен е стравот на Мицкоски од…
Очигледен е стравот на премиерот, Христијан Мицкоски…
Франција буди страв од нова должничка криза…
На пазарите има сѐ поголема нервоза меѓу…
Овој пат не падна од 7-ми: Руски…
Алексеј Синицин, извршен директор на компанијата за…
Се огласи Галетановски: Возилото е изгорено целосно,…
Претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи…
(Видео) Кос одговари на навредите на Вучиќ:…
Еврокомесарот Марта Кос остро реагираше на навредите…