(Видео) Павел Дуров на суд во Франција – издадена е потерница по неговиот брат?
Основачот на Телеграм, Павел Дуров е изведен пред судот во Париз, јавуваат француските медиуми.
Како што јави дописникот на Спутник, два автомобили со голема брзина ја напуштија Националната канцеларија за борба против измами во предградијата на Париз, каде што наводно се наоѓал Дуров по неговото апсење.
На Дуров денеска му истекува притворот.
Потерница е распишана и по Николај Дуров, братот на коосновачот на Телеграм, Павел Дуров во Франција, пишуваат медиумите повикувајќи се на судски документ.
Се истакнува дека потерниците за Павел и Николај беа издадени на 25 март под обвинение за соучесништво во поседување, дистрибуирање или пристап до порнографски слики на малолетници како дел од организирана група.
Медиумите наведуваат и дека француските власти ги ставиле браќата Дуров на потерница по неодговорено судско барање за идентификување на еден од корисниците на Телеграм.
Француското обвинителство планира да објави соопштение за ситуацијата со Павел Дуров во среда навечер, изјави извор за Спутник.