(Видео) Паднаа маските: Заев со овации пречекан на конгрес на СИРИЗА – Во својство на (поранешен) претседател на СДСМ?
Поранешниот македонски премиер и поранешен претседател на СДСМ, Зоран Заев заедно со екс министерот за здравство Венко Филипче денеска се гости на конгресот на грчката политичка партија СИРИЗА чиј претседател е Алексис Ципрас.
Заев беше пречекан на конгресот со громогласен аплауз и овации, а тој возврати со неговиот добро познат потег, рака на срце, истиот потег кој го направи додека се колнеше во жицата и семето дека нема да го смени името и да го загрози македонскиот идентитет.
Грците имаат причина да го “слават” Заев, но македонската јавност го поставува прашањето во кое својство екс премиерот и порашеншиот министер за здравство се поканети на конгресот на СИРИЗА?
На конгреси на политички партии се канат лидери на сестрински политички партии, обично во знак на почит и соработка на партиите и државите. Но Заев не е веќе премиер. Тогаш во кое својство е поканет, како претседател на неговото новоформираната невладина организација “Едно општество за сите”? Или како претседател ан СДСМ кој никогаш вистински не заминал од функцијата?
Зошто премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски не е поканет, туку на негово место Ципрас ги повика Заев и Филипче?
Очигледно за грчкиот опозициски лидер Заев се уште е премиер, а “Таче” никој не го рецка.
На домашна сцена се приреди театар дека Заев го слуша гласот на народот па после изборен пораз поднесе оставка, но маските и лицемерието кон македонскиот народ паднаа вечерва.
Дополнително нејасно е дали Филипче го поканија како “поранешен ама сепак актуелен” потпретседаел или како министер кој пред заминување од функцијата “ги награди” браќата Грци со два и пол милиони евра кои ги “одзеде” од рацете на “Бетон Штип”?
Парадите завршија, ако некој мислеше дека Ковачевски е премиер веќе може да ја извади таа мисла од глава. Ципрас ги потона лагите на СДСМ во еден ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет актуелни пратеници од СИРИЗА ја напуштија…
Групата од СИРИЗА предводена од кандидатката за…
Груевски открива дека Заев има бизниси во…
Иако во минатото во повеќе наврати кажав…
Мицотакис му честитал на Каселакис и го…
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор…
Стефанос Каселакис е новиот лидер на Сириза
Поранешниот министер и новодојденец на грчката политичка…
На денешен ден Заев и Димитров беа…
На денешен ден пред 6 години тогашниот…