(Видео) Палевски наскоро ќе даде прв исказ пред јавен обвинител

t

Првообвинетиот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски вчера вечер беше екстрадиран од Турција и директно од скопскиот аеродром со полициска придружба пренесен во затворот во Шутка каде го издржува претходно определениот 30-дневен притвор. Наскоро се очекува Љупчо Палевски-Палчо да го даде првиот исказ пред обвинител.

Палевски е сместен во посебна просторија, кон која се доаѓа од посебен ходник каде нема никаков контакт со останатите притворени. Поради безбедносен ризик за него важат посебни протоколи од начинот на негово обезбедување со едни исти лица, до крилото каде се наоѓа, но и неговата исхрана, информираше директорот на затворот Филип Андов.

„И за отворање на вратата, кога треба да му се отвори вратата точно се пишува време , кога е отворена и зошто и кога се затвора, се носи во посебна бања и се шета на посебно место. Ограничена е и храната, со детална проверка и сите други параметри каде што притвореното лице има право по куќниот ред да ги исполнува. Нема никаков контакт со останатите тука затворската полиција е ограничена каде што едни исти лица ќе бидат задолжени за него во постапката која секојдневно ќе ја извршува,“ вели директорот на затворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројцата инженери од Македонија уапсени под обвинение…

Во Вишото јавно обвинителство во Ваљево денеска…

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

Обвинителството ја проверува и отфрлената претставка за…

Меѓу списите кои ги проверува обвинителството во…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Ќе си ја заврши ли кариерата Љубомир…

Целата кариера на првиот човек на Републичкото…