(Видео) Палевски претстави нова македонска апликација: MACEDON ќе може да го користат само Македонци и е исклучително безбеден!

t

Во денешната епизода на Тешки муабети, Љупчо Палевски – Палчо ја објасни новата македонска апликација наречена Macedon, која ќе оже да ја користат само Македонци.

– Се работи за блокчеин, мрежа во која без токен немаш пристап до неа, децентрализирана е, само апликацијата знае на кој уред се наоѓаат подароците.

Во тој блокчеин има и апликација, MACEDON и тука ќе се складираат подароци и не може да упадне никој кој не е Македонец.

При отварање на апликацијата треба да потпишеш дека си Македонец, не сум шовинист туку сметам дека Македонецот треба да се изземе од овие глобални соијални мрежи.

Оваа апликација овозможува Македонецот да функционира надвор од сите глобалистички мрежи.

Наместо лајкови има сонценца, римскиот знак кренат палец е исклучен во Macedon и си има сопствен лајк, апликацијата се тестира три месеци, а ќе се тестира уште три.

Ако погледнете во вашите социјални мрежи 95% се Македонци, значи потребата да стоиме на западните мрежи ја нема.

Освен ова направивме и сопствен пребарувач со исто име. Карактеристично е што ги користи шест други пребарувачи но Маседон кога пребарувате преку него сите 6 останати пребарувачи добиваат различни ИП адреси и не можат да вршат профилирање преку интеренет, објаснува Палчо.

– Освен пребарувач во моментов има можност да с еинсталираат апликации без Гугал да знае кој и што димнал.

Кога се сака се’ се може, за разлика од хидроцентралите на ДПШНЕ ние во Десна го правиме ова, додава Палчо.

Проследете ја смисијата во продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

(Видео) Палевски претстави нова македонска апликација: MACEDON…

Во денешната епизода на Тешки муабети, Љупчо…