Објавено на:

(Видео) Папата им се извини на домородните групи во Канада за културолошкиот геноцид

t

Папата Франциск денеска се извини за соработката на Католичката црква со „деструктивната политика“ на Канада во училиштата за домородните грпуи, велејќи дека присилната асимилација на домородните Американци во христијанското општество ја уништила нивната култура, ги распарчила семејствата и ги маргинализирала генерациите на начини кои се чувствуваат и денес.

– Понизно барам прошка за злата што ги направија многу христијани врз домородците – рече Папата недалеку од местото каде што се наоѓаше училиштето за домородци „Ерминескин“.

Училиштето сега е во урнатини и се наоѓа на земјата на четирите племиња „Кри“ јужно од градот Едмонтон во канадската провинција Алберта.

Папата Франциск вчера пристигна во Канада на, како што рече, покајничкиот аџилак за кој се надева дека ќе помогне да се исправи неправдата направена кон домородците од католичките свештеници и калуѓерки во манастирите.

Папата ќе престојува во Канада до 30 јули и ќе има најмалку пет средби со домородците, на кои, како што им ветил, ќе им изрази извинување на нивната територија за обидот на црквата да ја изврти родната култура.

Околу 15.000 домородни деца во Канада се одземени од нивните домови и многумина биле изложени на злоупотреба, силување и неухранетост. Во 2015 година, канадската комисија за вистина и помирување ги нарече тие дела „културолошки геноцид“.

Целта на организираните училишта кои функционираа помеѓу 1831 и 1996 година беше асимилација на домородните деца. Училиштата беа раководени од католичкото свештенство во име на владата.

Скандалот избувна минатата година кога во поранешно индиско училиште во Камлупс во провинцијата Британска Колумбија во западна Канада беа пронајдени посмртните останки на 215 деца. Училиштето било затворено во 1978 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата повика на укинување на смртната казна

Папата Франциск повика на нови меѓународни договори…

Папата вели дека Католичката црква „цврсто и…

Папата Франциск се најде под притисок на…

Ватикан: Папата не бара од Украина да…

Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан,…

Папата Франциск до верниците: Заземете ја страната…

Папата повика да се направат сите можни…

Можна средба на Папата и рускиот патријарх…

Рускиот патријарх Кирил и папата Франциско најверојатно…