(Видео) Партениј предводи радикални структури и не ѝ се пишува добро на МПЦ-ОА: Ако црквата не потклекне ќе се охрабри целиот народ!

t

Партениј заедно со веројатно Наум и неколку владици се предводници на радикални структури и не ѝ се пишува добро на МПЦ, вели во денешната епизода на Тешки муабети претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски.

– Сите томоси завршуваат со промена на името на црквата, веројатно ова ќе биде Црква на Северна Македонија. Можеби тоа епоследниот бедем да се сочува македонскиот народ.

Во МПЦ-ОА има донесено одлука на синод дека црвсто стојат на името Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Ако опстојат на овој став, независно како ќе реагира Цариград итн, тоа ќе биде квалитетен чекор, ова е последен бедем да се сочува духовниот став на македонскиот народ. Вие покажувате стаменит однос, не делувате под притисок, ако МПЦ опстои пред тој притисок тоа ќе биде сигнал и охрабрување на народот. Го отрувме народот со негатива, ни треба победа, ни треба некој што стаменито ќе стои.

Знаете колку е моќно тоа што го прави претседателот на МАНУ? Тоа е тој стаменит став. Ќе дојде моментот кога коцките ќе се поклопат на оваа наша позиција. Тврдам дека северна е омразена дури и кај СДСМ, овој народ има пркос кај себе, непокор, дајте заедно сите тој непокор, тој крвен запис да го разбудиме кај македонксиот народ, не за да му наштетиме на другиот, туку да се сочуваме себеси. Толку ли е тешко да се разбере тоа? – вели Ристовски.

Според томосот мора да се дадат во владение сите имоти надвор од државата, според тоа Македонците нема да имаат служба на македонскијазик во странство освен можеби неколку часа, додава Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Владиката Петар низ солзи и на…

Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски…

На денешен ден во 1986 година загина…

На денешен ден, 15 јуни, во 1986…

Струмичкиот митрополит Наум: Вселенската патријаршија не бара…

Струмичкиот митрополит Наум, во интервју за порталот…

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

Владиката Петар: Се виде дека барањата на…

И за владиката Петар се неприфатливи трите…