(Видео) Пендаровски предлага да се прифати Францускиот предлог но да се дополни со услов за прекин на преговори доколку се спомене македонскиот идентитет

t

Доколку ова не е последен услов, односно доколку некој не само Бугарија понатаму во процесот реши да не блокира, сметам дека не ни треба да чекаме да не блокира, туку сами да го напуштиме процесот, рече претседателот Пендаровски на денешната пред-конференција.

– Дел од граѓаните сметаат дека ЕУ, особено клучни земји членки, играат дволучно со нас. Можам да кажам, од сите средби со високи европски претставници, никој од нив нема интерес да ја разнебити Македонија, туку нивниот интерес е економски.

Кај дел од населението има страв дека во ЕУ може да влеземе само како Бугари. Бугарин се станува ако некој се чувствува така, како што прават дел наши граѓани кои земаат бугарски пасош, или со окупација. Во модерно време со договор преку ноќ никој не може да наметне на никого етникум, рече Пендаровски.

За Европската политичка заедница Пендаровски коментира дека никој не гарантира дека таа нема де факто да стане замена за ЕУ и како што рече затоа смета дека треба сега да се почнат преговорите со прифаќање на предлогот.

– Јас барам и сметам дека ќе добијам поддршка да се додаде еден пасус плус во предлогот, за отсега до крајот на преговорите одбиваме било какви разговори за македонскиот идентитет. Досега го одбранивме идентитетот со битните елементи, но не можам да гарантирам за понатака, затоа што знаеме со кој си имаме работа.

Тој додаток е само за нас, за да бидат сигурни граѓаните дека нема да се преговара за тоа дека ни оваа ни било која следна влада нема да отстапи во рамки на преговорите по овие прашања.

Од почетокот се создаде конфузија дека ова е ист предлог, па плеада бугарски политичари кои се изредија со слични тези. Ние тврдиме дека има модификација и може да ги покажеме двата документи. Францускиот претседател Макрон вели имаме нов француски предлог, оставете ме и мене и овие во Софија кажа и мислам дека треба да му веруваме на зборот, одговори Пендаровски на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…