(Видео) Петровски: Партиски оперативци, дури и во врвот на партиите се поврзани со тајни служби – Зошто не сакаат да се објават сите материјали?!

t

Во денешната епизода на Тешки муабети, Филип Петровски посочи дека голем дел од оперативците, дури и врвовите во партиите се лица поврзани со тајните служни и според него токму тоа е причината зошто не сакаат да се објават сите материјали и да се расчисти со тоа минато.

– Голем дел од досиејата се уништени, јас успеав да најдам извештај на комисија а СРМ која утврдила дека нивните комунистички органи во некои 20 години од македонксата држава, утврдиле дека имало околу 130.00 досијеа, денеска во Државен архив има 15.000 досиеја. Се зборува дека еден министер на преминот на Македонија во независност запалил два камиона со материјал, после се зборува дека МВР 1998-99 праќа известување дека има 19.000 досиеја, каде заминаа 3,500 досиеја?

Или се внатре во МВР илис е оперативци во партиите, ова е пропадната држава која ја контролираат луѓе кои на некој начин се “прљави”, вели Петровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ