(Видео) Петровски: УМС порано имаше структура, Љубчо беше премиер и не успеа да ме разреши
2000 година кога тој побара од мене да си заминам, јас реков во ред, јас тоа ќе го ставам на Централен комитет на подмладокот.
Го свикав ЦК, ние бевме во врв како подмладок, остваривме Министерство за млад и спорт, сега е дегенерирана и партијата и демократијата.
Тогаш претседтаелот на подмладокот го бираа младите од цела Македонија, имаше избор на делегати од општинските комитети, јас водев кампања кога ме избираа, тајно беше гласањето. Ти имаш тогаш таен избор, сега имаш претседателот на партијата му предлага на ИК да избере претседател на УМС, објасни во денешната епизода на Тешки муабети Филип Петровски.
И така се избира некоја тутурутка, некој кој младите не го знаат во државата и на крај тој ќе стане дирејтор во некоја компанија и ќе оствари нешто само за себе, не за идеалите.
Сегашното ВМРО нема ништо заедничко со тогашното освен името.
Подмладокот гласаше 69 на 4 во моја корист и јас во тој момент побарав ЦК да го разреши мојот извршен комитет и тие го разрешија. Во тој ИК имаше влијанија на потпретседателите на партијата. Љубчо беше премиер и не успеа да ме разреши, тој ме праша што се случило и изрази почит и ме замоли бидејќи неговиот авторитет е доведен во прашање, да дадам оставка.
Јас не сум пукнал по секоја цена да бидам претседател на подмладокот и дадов оставка откако му докажав како стојат работите.
Потоа одбив да станам заменик-министер во МНР, на местото на Борис Трајковски, вели Филип Петровски.