(Видео) Пивоваров: Полиграф е едно од решенијата за корумпираните македонски граници!
Сивата економија во Македонија на годишно ниво е милијарда и 200 до милијарда и 400 милиони евра, а тоа е голем проблем, вели во гостување во подкастот „Политиканти“ на Инфомакс, Владимир Пивоваров, поранешен национален координатор за гранично управување.
– Во делот на акцизите е најголемиот дел од губитоците на државата, тоа е уставна категорија, секој е должен да плати и многу е едноставно, побарајте меѓународна помош колку од кај нив излегла стока, колку кај нас влегла, едноставно.
Работата е закочена од горе до доле, секој допис што ќе го пратевме до одредена институција, ќе се јавеа после 120 дена и велат супер вие што доставивте, ќе почнеме истрага ама доставете ни ги снимките, а знаат дека по закон е 30 дена. И не е проблем еднаш да погрешат, проблем е што секој следен акт така продолжува, истакна Пивоваров.
Решението е полиграфско тестирање е решение за проблемот, истакна Пивоваров.
– Јас предложив решение, не само кај нас туку и во Брисел. Секаде границите се корупмирани, има и покорумпирани граници и тоа во самата ЕУ. Предложив, тоа се високоризични работни места, единствено решение е дерогација на правото, во високоризични работни места господата седнуваат на полиграф. Тоа е форензичка мерка, не е цврст доказ, но тоа може да се достави до јавен обвинител, истакна Пивоваров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пивоваров: Полиграф е едно од решенијата…
Сивата економија во Македонија на годишно ниво…
Вечерва во 18 часот, „Политиканти“ во живо…
Не пропуштајте ја денешната епизода на „Политиканти„…