Објавено на:

(Видео) Платете ни или да си одиме дома: Руси се бунат за мобилизацијата

t

Група регрути на руската војска, кои неодамна биле мобилизирани, јавно негодуваа и ги повикаа властите да им платат на оние кои се мобилизирани, како што им било ветено, наводно се гледа на снимка која беше објавена од независниот портал Sota Vision.

На снимката, за која се вели дека доаѓа од регионот Омск на југозападот од земјата, се гледаат десетици униформирани регрути, од кои еден ги соопштува барањата – да ги добијат парите и бенефициите кои им биле ветени од властите, а во спротивно да бидат пуштени дома за да си ги прехранат семејствата.

„Имаме прашање. Прво: Ќе има ли плати за оние што се мобилизирани? Зборувам за материјална помош што им е потребна на нашите семејства, тие мора да јадат. Нас можат да нѐ испратат одовде и не знаеме што ќе се случи со нас. Тоа е нашето прво прашање, бидејќи знаеме дека во други региони ги плаќаат мобилизирани и сѐ е стабилно. Се разбира, се надеваме на најдоброто и подготвени сме да одиме. Тука сме, поддржувајте нѐ нас и нашите семејства“, вели мобилизираниот Русин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најнови анкети: Работата на Путин ја одобруваат…

Мнозинството Руси (75 отсто) му веруваат на…

Зеленски воведе санкции за 650 Руси, меѓу…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денес потпиша…

Какви санкции? Богатите Руси се уште побогати:…

Владимир Потанин, сопственик на рударскиот гигант Норилск…

Европска дискриминација: Литванија им забрани на Русите…

На Русите и на Белорусите во Литванија…

Британското МНР: Никаква опрема – Мобилизираните Руси…

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот…