(Видео) Плаќал 130 илјади денари за струја, сега му стигнала сметка од 600 илјади денари: На иницијатива на пратеникот Пренџов ќе се организира јавна расправа во Собранието – мора да се помогне на стопанството
Пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов, на собраниската комисија за економски прашања предложи да се организира јавна расправа за моменталната економска ситуација во државата најдоцна до 20 март.
“Лично сметам дека економијата во државата е пред сериозни предизвици веќе подолг временски период, но најавата за она што следи во идниот период навистина многу загрижува.
Јас неколку пати алармирам и во јавноста и во Собранието за тоа дека цената на електричната енергија за приватните компании, целото стопанство е меѓу 4 и 6% покачена, лично сум гледал сметки за струја од фирми кои доаѓаат да се пожалат, да поразговараат. Плаќале во декември 130000 денари, а веќе во јануари му доаѓа 603000 денари, што е 5 и пол пати зголемување на таа сума.” – вели Пренџов.
Тој ги повика сите политички партии да се приклучат кон поддршката за организирање на јавна расправа бидејќи пратениците независно од нивната политичка определба се одговорни пред граѓаните.
“Имаме сериозни предизвици во коишто настрана дневната политика и партиите, ние во ова Собрание сме одговорни за создавање на нормална клима, пред се економска. Денес имаме цени од 115 долари за барел нафта, 2200 – 2300 евра е цена за кубик гас, може да се случи веќе во понеделник на имаме 12-13 денари зголемување на цената на горивата. Во најава имаме, иако Владата сака да смири или сака да избега од одговорност, имаме проблеми со основните животни потреби, со пченицата и пченката, има и други работи. Не се полни баш стоковите резерви иако сака така да се претстави.”
Пренџов нагласи дека стоковите резерви на држвата не се на завидно ниво и дека државните институции не се искоординирани по ова прашање, а секоја од нив излегува со различни изјави.
“Ние сме одговорни во ова Собрание што ќе правиме. Синоќа излезе растот на државата (економијата) за претходната година, имаме 4% еономски раст, на пример Србија има 7.5%, Косово и Албанија и Босна по 8%, дупло повеќе од нас. Работата во економијата е многу лоша.
Сакам да побарам поддршка за оваа иницијатива која ја зборував и на прес конференција пред една две недели, да имаме јавна расправа овдека во Собранието, којашто ќе биде од помош и на граѓаните и на стопанството. Мора граѓаните да знаат што се случува во државата, мора како партеници да направиме фирмите да имаат економска предвидливост во идниот период.
Имаме некој сет на мерки коишто ги рпедлагаме од типот на 50% намалување на ддв за акцизите на горивата, човечката храна да биде со 0% ддв бидејќи цените на храната во вселената отидоа, намалување на цената на парното , да гледаме да ги намалиме давачките спрема државата бидејќи навистина луѓето живеат многу тешко и не сме во состојба да пребродиме нешто, а ова што се најавува е навистина многу зарижувачко.
Не сакам многу да должам, сметам дека независно кој од која политичка номенклатура доаѓа и какви идеи застапува, сепак со оваа работа нема играчка. Мое лично мислење и мислење на опозицијата е дека економија како министерство и другите немаат едноставно капацитет целосен за справување со состојбата.
Претседателот на државата излегува синоќа на Сител и вика барав јас од Србија жито и пченка, а министерот за локална самоуправа вика не бе они сами ни се понудија. И бидејќи гледаме дека ѓаволот одамна ја однел шегата од Македонија барам овој месец најдоцна до 20 март да имаме една јавна расправа со сите релевантни фактори и од стопанството и ние пратениците. Тоа е најмалку што може да направиме за овој народ.: – рече Пренџов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
(Видео) Плаќал 130 илјади денари за струја,…
Пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов, на собраниската…
Светлина на крајот од тунелот? ММДЧП покренува…
Македонското Меѓународно движење за човекови права извести…
Пратеник го зakопа Бектеши: Заборави ли на…
Во емисијата ТОП Тема, во месец декември,…