(Видео) Побарајте си ги роднините: Страшно невреме ја погоди Германија

t

Невремето „Иленија“ во текот на ноќта ја погоди Германија, особено северните и источните делови, а зад себе остави паднати дрвја, уништени покриви на куќи и оштетени автомобили. Откажани се бројни летови, а „Дојче бан“ го прекина сообраќајот во неколку сојузни држави.

Германската метеоролошка служба до вечерва издаде црвени предупредувања за северот на земјата. Тие најавуваат и можност за торнадо.

Во текот на ноќта силен ветер од над 100 км/ч ја зафати земјава, особено во северниот, централниот и источниот дел на земјата. На Брокен во планините Харц измерени се 152 км/ч, пренесува Билд.

Вонредна состојба во Берлин
Противпожарната бригада на Берлин утринава прогласи вонредна состојба поради бурата „Иленија“. „Од 2 часот по полноќ има нагло зголемување на операциите поврзани со времето“, велат тие. Повикани се неколку доброволни противпожарни единици за поддршка на професионалната противпожарна единица. Во Лихтерфелде дрвја паднаа врз паркирани автомобили, а ветрот однесе светлосен столб.

Ветерот го уништи шаторот на тест центарот за возење во Северна Рајна Вестфалија, соопшти противпожарната бригада. Според пожарникарите, нема повредени.

Големи проблеми во Хамбург
Најголем проблем имаше во Хамбург. Познат пазар беше поплавен, а во областа Ајмсбител ветрот откорна дрво пред паб.

Иленија направи голема штета и во Долна Саксонија и Бремен. На автопатот во близина на Вестоверлединген, возач на камион удрил во паднато дрво. За среќа тој не е повреден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна хотел во Германија: Едно лице…

Едно лице е пронајдено мртво, а осум…

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…

Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…

ИФО: Редовниот воен рок може да ја…

Темата за враќање на обврската за отслужување…