(Видео) Политиката е атрактивен “бизнис” само во држави каде нема контрола: Порано имаше интегритет, сега има уценети и подводливи пратеници
Македонците во дијаспората се поголеми патриоти од многу Македонци во Македонија, вели во денешната епизода на Тешки муабети, Зоран Витанов, поранешен заменик-министер за економија, економист и бизнисмен.
– Основната мисија на правосудниот систем е да ја гарантира сопственоста, ако правосудниот систем е суспендиран кој од дијаспората сака да ги даде своите пари и својата мака овде во Македонија. Искрено не верувам дека и албанската дијаспора инвестира во Македонија, освен што се врзани со моменталните структури на власт, објаснува Витанов.
Тој објасни зошто излегол од политиката и се посветил на бизнисот.
– Порано имаше срам, имаше систем, јас видов дека трендот на политиката е надолен, јас не сакав да го напуштам срамот и за да си го зачувам образот ја науштив политиката. Тогаш имаше критериум, вредности, Парламентот имаше колку-толку барем поединци кои дискутираа, икао нема ниво на деведесеттие.
Јас ја напуштив политиката заради политичкиот систем, до 1998 година Македонија имаше комбиниран изборен модел. Кога како поединец излегуваш на избори одговараш пред оној што те гласал, кога ќе излезеш на листа, одговараш пред тој што ја составил листата, така се суспендира парламентарниот систем.
Ако нема интегритет пратеникот и ако нема образ тој е лесно подводлив, тоаш имаше шушкања за потпишување на меници на пратениците, сегатоа којзнае колку е усовршен тој модел, нема веќе меници веројатно.
Пратениците се уценети, не се избрани од народот, ако Македонија не се врати барем на комбиниран, ако не и на мнозински модел, нема да има демократија.
Кога нема системски поставен механизам за контрола и фидбек тој систем пропаѓа, овде традицијата е на нискоморални вредности.
Политиката не е атрактивна во Данска, Норвешка, луѓето што се чувствуваат компетентни не одат во политика, одат на пазарот на вредности, политиката е бизнис во држави каде е суспендирана судската и парламентарната демократија, каде нема контрола, онаму кадешто има контрола политиката не е атрактивна.
Ни власт ни опозиција не знаат да објаснат која е разликата на мнозински, комбиниран и пропорционален изборен модел. Јас ја растурив коалицијата со СДСМ оти отидоа во коалиција со ДУИ и Ахмети. Народот не ми веруваше дека Црвенковски има направено коалиција со Ахмети, народот е мнозински чесен и тргнува од себе.
Периодот од 2006-2008 година Република Македонија тргна во еден навистина позитивен правец, можеби бидејќи сум бил во системот и сум субјективен, но како што поминува времето се гледа дека сум бил во право, вели Витанов.