(Видео) Политичкото водство во Министерството за одбрана е виновно што Армијата често може да се судри со несоодветно вооружување

t

Постои концепција за одбрана во која се дефинираат основните постулати на државата зошто државата треба да се брани, кои сегменти би ги опфатила таа, со каква улога и какви цели. Нашата концепција, како членка на НАТО треба да биде поврзана со концепцијата на НАТО, објасни во денешното гостување во МРЕЖА, професорот од Воената академија, Оливер Андонов.

-Оттука одиме една скала пониско, тоа е стратегијата за одбрана која има свои цели, здачаи и индикатори кои го следат исполнувањето на целите и задачите на стратегијата, бидејќи таа во одреден период може да биде изменета во зависност од околностите.

Трета скала е доктрината на вооружената борба, која е поврзана со стратешките цели и задачи со кои е поврзана со доктрината на вооружената борба и стратегијата.

Самата доктрина е потпрена врз концепцијата. Во Македонија доктрината е потпрена врз концепцијата на НАТО и оттука започнува организацијата на нашата формациска формација на единиците на АРМ, а тие имаат материјална и персонална формација, колку луѓе и каква опрема ќе користат.

Бидејќи влегуваме во концепцијата на НАТО, согласно проценката на НАТО, колку имаме население, финансии, економски капацитети, колку ни е развиена наменската индустрија каква и да е таа, така НАТО ни дава улога во составот на сите држави земји членки на НАТО, што ние можеме да оствариме преку таа перцепција нивна, кој е надолниот минимум за македонската Армија кој мора да го задоволи, а НАТО тоа го дефинира во огнена моќ.

НАТО определува, на пример дека треба да имаме одреден број на вооружување согласно нивните преопраки.

Стручниот штаб може да определи дека тој минимум подобро е да се надмине. Кога ќе изгубиме некое орудие, да имаме минимум неколку кои ќе бидат резерва за да можеме да ги задоволиме потребите на НАТО. Македонската армија според НАТО треба да декларира лесна бригада, единица која во својот состав употребува лесни оклопни транспортери или тактички оклопни возила.

Нашиот Генералштаб оценува дека треба да имаме соодветно поголемо вооружување, ако НАТО вели треба да имаме 12,7 mm вооружување, Генералштабот вели добро е да имаме автоматски топови од 30 mm, поголем е дометот, поголема заштита пружа и слично.

Проблемот на политичкото водство во Министерството за одбрана, тие се најголем проблем зошто Армијата често може да се судри со несоодветно вооружување, тие имаат најчесто лични интереси кои се сврзани со бизнис. Одлуката е секогаш минимум, за жал, вели Андонов.

Целата епизода на МРЕЖА следете ја во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…