(Видео) Полицијата и обвинителството во служба на обид за фалсификат – Новите детали за случајот во Демир Хисар најавуваат дека режимот се враќа во Македонија!
Во доцните вечерни часови вистински хаос се случува во вообичаено мирниот Демир Хисар. На социјалните мрежи вирално се шири видео од насилниот упад во домот на директорката средното училиште „Крсте Петков Мисирков“, Маја Лозановска.
Имено Инфомакс го контактираше семејството Лозановски кои се видно вознемирени по полициската тортура која ја доживеаа во доцните вечерни часови.
Лозановска иако под лекарства и со нарушена здравствена состојба, разговараше со Инфомакс потенцирајќи дека „никогаш не очекувала да го доживее ова“.
Директорката, вели дека работела чесно и одговорно и дека токму од таа причина им пречела и на сегашните и на претходните, но сите претходни обиди за нејзино разрешување завршиле залудно затоа што не прекршила никаков Закон, а и редовно ја имала поддршката на училишниот одбор кој е одговорен за нејзината работа, но и персоналот во училиштето.
Изминатиов период поради нарушената здравствена состојба, директорката Лозановска е на боледување, но и тоа не ја спречи власта во намерата да постави партиски кадар на чело на училиштето на неколку часа пред изборниот период во кој не можат да се менуваат или назначуваат нови функционери соогласно Закон.
Имено со цел да биде разрешена директорката таа мора да биде на работа за впрочем да може да го прими решението за нејзино разрешување кое овој пат доаѓа директно од Градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски без никаква законска постапка за разрешување.
Кога не може да ја најде Лозановска на нејзиното работно место градоначалникот се обидуваа спротивно на Закон да ги одземат печатите и да направат фалсификат со кој ќе го потврдат разрешувањето на Лозановска со цел да ги стасаат изборните рокови.
Замислете откако не можат да ги пронајдат печатите за да направат фалсификат ги злоупотребуваат правосудните органи, поточно обвинителството кое издава налог за претрес со цел да се пронајдат печатите, кое пак испраќа полиција за да направи претрес во нејзиниот дом за нивно пронаоѓање!
Претресот е неуспрешен затоа што Лозановска и овој пат не прекршила никаков Закон и печатите соогласно Закон ги чува на безбедно место соодветно на нејзиното работно место.
Дополнителен проблем за власта претставува фактот што училиштето нема секретар па така нема друго овластено лице во училиштето кое би можело или смеело да ракува со печатите!
На социјалните мрежи адвокатот на Лозановска Заре Стевановски објави видео од претресот, но и односот на полицијата кон жената која е со сериозно нарушена здравствена состојба поради која и заминала на боледување
На видеото се гледа како пред куќата на Лозановска има медицински тим и полициски тим, на чело со началникот кој насилно сака да ја лиши од слобода иако во моментот во нејзинот дом има екипа на брза помош која интервенира.
Во видеото се слуша како медицинскиот тим констатира дека здравствената состојбата на Лозановска не дозволува да оди на информативен разговор, а началникот одговара дека „ако треба ќе оди со Амбулантно возило и на носилка во полициска станица“
Иако наредбата била издадена да се изврши претрес во куќата на директорката во наредните 15 дена, полицијата одлучила тоа да го направи вечерва, ден пред крајниот рок за разрешување и именување функционери пред избори.
Сето ова незакониото, криминално, брутално и насилничко однесување е со единствена цел да се постави партиски кадар на чело на училиштето пред избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицијата и обвинителството во служба на…
Во доцните вечерни часови вистински хаос се…
Трамп: Очекувам Зеленски да биде подготвен да…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
Плати семестар: Хуманитарна акција на здружението „Млади…
Здружението „Млади од семејна разновидност“ кое пет…
Венс: САД не планира да ја признае…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави…
Разбиена албанска нарко организација – уапсени 14…
Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран…