(Видео) Попов: Небезбедниот проект на Универзална го штитат лица познати по тоа што едниот е член на ИО на СДСМ, а другиот добивал гратови од Фондот за иновации
СДСМ се обидуваат очајно да се оправдаат за скандалозниот проект за реконструкција на Универзалната сала, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.
-Констатирани се бројни грешки, а и претходното градско раководство и Шилегов знаеле и констатирале недостатоци кои воедно ги констатира надзорот и Извештајот на ЗИМ, според кои елементи од градбата се проценети како несигурни и опасни особено затоа што е утврдена неусогласеност на проектот со постојната состојба на објектот. Ова го потврдува и изјавата на советничката од СДСМ Љубица Јанчева која на седница на совет ќе изјави цитирам: „Знаевме за техничките проблеми и пропусти во проектот и истите беа констатирани“, Советничката на СДСМ Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Скопје за време кога градоначалник на главниот град беше Петре Шилегов, самата вели дека проектот бил стопиран од претходниот градоначалник за да биде безбеден проектот. Сега кога се фатени во небрано СДСМ на помош ги бараат своите блиски експерти да го бранат она кое што не може да се одбрани. Па така клучни во бранењето на СДСМ се Мишко Ралев, член на Извршниот одбор на СДСМ и Искра Јовановска Михајловска која јавноста ја памети од скандалозната поделба на грантови од Фондот на иновации кога нејзината компанија доби 223 илјади евра од државата, вели Попов.
Тој отворено прашува дали грантовите од стотици илјади евра и позицијата член на извршниот одбор во СДСМ беа пресудни овие двајца да бидат клучните кои ќе го бранат неодбранливото?
-Патем да биде уште потрагично освен што зборуваат ниту тие, ниту другите се спремни со свој потпис да гарантираат дека овој проект е безбеден. Очигледно дека на СДСМ им било битно пред избори да почнат некакви градежни активност и не се направени соодветни анализи, не се видело дека ќе требаат дополнителни столбови за да има навистина квалитетна сеизмичка одржаност на овој објект, и не бил направен соодветен увид. За среќа на скопјани Универзална сала ќе има и ќе биде безбедна и за работниците кои ја реконструираат и за идните посетители, истакна Попов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…