(Видео) Поп благословува „Ауди“ во Софија, на туристи им дојде да се прекрстат
Во снимка која достигна голема популарност на интернет, а се тврди дека е направена деновиве, се гледа како православен свештеник, во службената облека и со отворен молитвеник, благословува автомобил „Ауди“ во Софија, во присуство веројатно на сопственикот на автомобилот. Отворени се хаубата, сите врати и багажникот, што е можеби поврзано со полесното навлегување на Светиот дух во колата.
Сцена е забележана пред препознатливата црква „Св. Николај Чудотворец“ во центарот на Софија, позната и како Руската црква, во која служат свештеници од РПЦ. На несекојдневната глетка ѝ сведочеше двојка, веројатно туристи, кои зачудено гледајќи поминаа покрај „Аудито“.
„Во срцето на Софија стои Руската црква, изградена во 1914 година, со златни куполи и тивок шарм. Денес, тоа е и местото каде што возачите на „Ауди“ доаѓаат да ги осветат своите автомобили, надевајќи се дека светата вода ќе го реши она што нивниот механичар не може“, пишува во објавата со видеото на „Икс“.
In the heart of Sofia stands the Russian Church, built in 1914, all gold domes and quiet charm. These days, it’s also where Audi drivers line up for car blessings, hoping holy water fixes what their mechanic can’t. pic.twitter.com/9fjxFkSyYH
— една българка (@transbulgaria) August 3, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Поп благословува „Ауди“ во Софија, на…
Во снимка која достигна голема популарност на…
ИВЗ поканила во Македонија распоп-националист од Албанија,…
Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ) свечено…
(Видео) Трамп излезе на кровот на Белата…
Вчерашниот ден на американскиот претседател Доналд Трамп…
Спречен заговор за убиство на Орбан
Во Унгарија е уапсен маж под сомнение…
Сиљановска Давкова: Вчерашните сцени од меѓународниот натпревар…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва во објава…