(Видео) Поранешeн австриски вицеканцелар нападна обезбедувач во ноќен клуб

t

Поранешниот австриски вицеканцелар и поранешен претседател на Австриската народна партија, Ханс Кристијан Штрахе бил вмешан во тепачка во еден виенски ноќен клуб, јавуваат австриските медиуми.

Објавено е видео на кое се гледа како Хајнц Кристијан Штрахе напаѓа маж во ноќен клуб во Виена.

Пред тоа, Штрахе учествуваше на прием за блискиот хотел Хајат Парк организиран од инвеститори. По дочекот групата заминала во блискиот ноќен клуб „Фолксгартен“, каде што Штрахе заспал на масата по кратка прослава.

Откако еден од член од обезбедувањето го разбудил, Штрахе се нафрлил врз него. На видеото се гледа како неколку луѓе го спречуваат Штрахе дополнително да го нападне чуварот.

Во пораката објавена на Фејсбук, Штрахе негираше дека дури и дошло до тепачка.

„После една божиќна забава заспав во ќошот на клубот, што секому може да му се случи, а јас сум само човек. Откако ме разбуди обезбедувањето, за момент бев иритиран, но го напуштив клубот без тепачка и си заминав дома со такси“, рече Штрахе и ги обвини медиумите дека го „надувале“ настанот.

Ханс Кристијан Штрахе беше главниот виновник за скандалот наречен „Ибица“, кој предизвика колапс на првата влада на канцеларот Себастијан Курц во 2019 година.

Потоа, Штрахе беше снимен како им нуди услуги на јавни тендери на наводни странски инвеститори во замена за финансиска поддршка за неговата десничарска популистичка Народна партија, а откако снимката беше обелоденета во јавноста, тој мораше да поднесе оставка.

Откако ја напушти политиката, Штрахе почна да се занимава со економски консултации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сириски државјанин со нож убил 14-годишно момче…

Сириски државјанин денеска со нож избоде едно…

Чешки судии делегирани за дуелот на Македонија…

Репрезентацијата на Македонија е подготвена за стартот на главната…

Македонските ракометари денес на мегдан со Австрија

Македонија денеска во 18 часот игра против…

Австриските железници бараат илјадници работници

Австриските железници бараат илјадници нови работници. Компанијата…

Австрија ги суспендираше сите тековни барања за…

Еден ден по падот на режимот во…