(Видео) Почина скопскиот боем кој со песна го расплака целиот Балкан – ова е ќерка му која го стопи на сцената
(Видео) Почина скопскиот боем кој со песна го расплака целиот Балкан – ова е ќерка му која го стопи на сцената
ЦРНА ХРОНИКАново
Настапот со неговата ќерка никого не остави рамнодушен.
Поранешниот ракометар и некогашен учесник во „Никогаш не е доцна“ од Скопје, Горан Станковиќ, ја изгуби најважната битка во животот.
Ветеранот почина во 51 година од животот, а неговите бројни пријатели веќе со денoви се збогуваат од него преку социјалните мрежи.
Горан пред неколку години се пријави во „Никогаш не е доцна“ каде што го имаше еден од најемотивните настапи во шоуто.
Тој тогаш на сцената настапи заедно со својата ќерка, по што не можеше да ги сопре емоциите и заплака на сцената.
Горан не ги криеше емоциите и кога се симна од сцената, па пред камерите откри што е она што го разнежни и зошто пушти солзи.
Како изгледаше овој емотивен настап на големиот скопски боем заедно со неговата ќерка, погледнете го во продолжение:
Инаку, Станковиќ е поранешен македонски ракометар и ракометен работник, а беше познат и по ноќниот живот во Скопје. Како што самиот велеше за себе, се занимавал со сé и сешто во животот и дека само поп не бил, но и дека најголема љубов му е музиката.
Тој со години беше дел од раководството на екипата Јуниор Кисела Вода, а беше и спикер на натпреварите на Металург и во Борис Трајковски.
Горан ќе остане запаметен и по неговите настапи полни со емоции во „Никогаш не е доцна“, а во една пригода водителката Драгана Катиќ не можеше да одолее, па заигра со него на сцената.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…