Објавено на:

(Видео) „Почнавме да ја градиме државата на Илинден, ама не успеавме да ја довршиме“- граѓани за ТВ 24

t

„Почнавме да ја градиме државата ама не успеавме да ја довршиме“. Вака дел од македонските граѓаните ја опишаа симболиката на Илинден, 122 по години по Илинденското востание и 81 од првото заседани на АСНОМ.

Според нив втори август е силен потсетник на борбата за слобода и независност, но и корен на создавањето независна држава.

Државниот врв пак, денеска од различни локации упати пораки до граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски ја предводеше валдината делегација во Скопје го честиташе 2 август и порача дека жртвата која ја оставиле генерациите пред нас е потсетник за тоа каква држава треба да оставиме на идните поколенија.

Покрај владината делегација предводена од премиерот, свежо цвеќе на неколку локации низ главниот град положија и повеќе делегации , меѓу кои и кандидатите за градоначалници на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – Орце Ѓорѓиевски и Каја Шукова. А на исто место со нив беше и и актуелната градоначалничка Данела Арсовска, како и кандидатот з аградоначалник на Чаир и прв вицепремиер ИЗет Меџити. За потпретседателката СДСМ Илинден мора да биде показател за иднината.

Ѓорѓиевски пак преку социјалните мрежи им порача на граѓаните дека македонската држава треба да се чува и слави во духот на старите Илинденци. Слична порака упати и актуелната градоначалничка Арсовска, која порача дека 2 август треба да е потсетник на борбата и заложбите за самостојна држава. Македонија го одбележува втори август во месецот кога собранискиот спикер Афримм гаши треба да ги арспише локалните избори, з атие да се одржат на 19 октомври, а токму кампањата пред кампања беше воочлива на денешното одбележување од дел до кандидатите .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Почнавме да ја градиме државата на…

„Почнавме да ја градиме државата ама не…

National Geographic: Охридското езеро задолжително треба да…

Од возење велосипед низ три патеки околу…

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да…

Претседателот на Републиката и Врховен командант на…

Бог го освестува народот – и фала…

Бог го освестува народот - и фала…

Новинарката Мисирлиевски за известувањето од Мечкин Камен:…

Долгогодишната новинарка на „Телма“ Емилија Мисирлиевски вечерва…