(Видео) Прво големо изненадување на ЕП: Словачка ја шокираше Белгија!
Во денешниот трет ден од Европското првенство го видовме и најголемото изненадување на шампионатот Словачка со минимални 0:1 ја совлада Белгија.
Тргнаа Белгијците офанзивно да ја оправдаат фаворитската улога уште од самиот старт, но Ромелу Лукаку пропушти две одлични прилики. По пропуштените шанси на Белгија стигна казната многу брзо, Шранз во седмата минута ја погоди мрежата Кастелс за изненадувачко водство на Словачка.
Иако голот беше постигнат рано тој се покажа и како одлучувачки. Белгија имаше игра, посебно во вториот дел, но реализацијата изостана. Посебно ќе жалат и за двата гола кои ВАР ги поништи на Лукаку.
Победата на Словачка значи и дека ќе гледаме супер интересна група „Е“ бидејќи претходно и Романија ја изненади Украина победувајќи ја со 3:0.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
Погледнете го уште еднаш спектакуларниот гол на…
Репрезентацијата на Македонија успеа да израмни со…
Чурлинов: Тактички ќе бидеме добро подготвени за…
Дарко Чурлинов беше полн со оптимизам пред…
Опасен инсектицид пронајден во јагодите од Србија…
Белгија издаде предупредување за присуство на форметанат…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…