Објавено на:

(Видео) Прв пат е прекинат натпревар на Бундеслигата поради Ифтар

t

Матијас Јоленбек во 65. минута го прекина првенствениот натпревар меѓу Аугсбург и Мајнц, иако немаше причина за тоа.

Судијата го направи ова за да му овозможи на Муса Ниахате, капетанот на гостите, да направи Ифтар или да го прекине рамазанскиот пост. Тоа е историски настан за Бундеслигата, првпат поради наведената причина да биде прекинат натпревар на една од најсилните лиги.

За муслиманските верници, месецот Рамазан започнува на почетокот на април и за време на него не јадат и не пијат ништо во текот на денот. Многумина фудбалери од муслиманска вероисповед не консумираат храна и пијалоци од утро до мрак. Капетанот на Мајнц е еден од оние кои постат, а времето на ифтар, кое се случува на зајдисонце, морал да го искористи за консумирање течност.

„На паузата меѓу двете полувремиња го прашав судијата дали е можно да има кратка пауза во вториот дел за да го прекинам постот. Знам дека не мораше да го направи тоа и да ме одбиеше, би го разберал тоа“, изјави Нихате по натпреварот.

Судијата Јоленбек, кој го повлече историскиот потего, ја опиша ситуацијата: „Муса ме праша дали ќе може да пие вода по зајдисонце, помеѓу 60-та и 70-тата минута од натпреварот. Се разбира, реков дека може. Му дадов сигнал кога ќе дојде времето кога ќе ме праша. Го чекав да се напие вода и така тој го заврши постот за тој ден“. Откако Нијахате испи вода и енергетски пијалок, Јоленбек даде знак за продолжување на натпреварот, а капитенот на Мајнц истрча кон него за да му се заблагодари.

Историската ситуација за Бундеслигата се случи во петокот, но и два дена подоцна. Бастијан Данкерт, судијата на натпреварот помеѓу Лајпциг и Хофенхајм, го прекина натпреварот во 30. минута за да му дозволи на Мохамед Симакан од Лајпциг накратко да го прекине постот. Играчот подоцна му се заблагодари на судијата на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…