(Видео) Пренџов: Власта врши грабеж на граѓаните – Одбиен предлогот на опозицијата за поефтинување на акцизата на горивата
Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на македонија за намалување на акцизата на горивата за 50%. Власта одби дизел горивото да поефтини за 9.5%, а цената на бензините да поефтини за 13 денари.
Вчера, ова пред целата македонска јавност ни беше соопштено од страна на министерот за финансии, Фатмир Бисими. Акцизата на бензините изнесува 22 денари, а ДДВ плаќаме 13 денари. Сега плаќаме 35 денари по литар бензин давачки кон државата.
Акцизата за дизел горивата изнесува 15. 5 денари, а ДДВ плаќаме 11,5 денари, односно тоа се цели 27 денари по литар дизел давачки кон државата.
Во време на криза, во време на 4 кризни состојви во Република Македонија и дополнителна инфлациска криза во најава ова претставува вистински грабеж на власта кон граѓаните и кон стопанството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
Добра вест: Горивата поевтинуваат за два денари
Цената на горивата од ноќеска на полноќ…
Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…
Регулаторната комисија донесе одлука со која се…
Поскапуваат бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…
Добра вест: Поевтинува дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за…