(Видео) Пренџов: Законот е задоцнет, поради неспособноста на владата економијата ни е во сериозна криза

t

Љупчо Пренџов, пратеникот од коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ на денешната собраниска седница нагласи дека економијата во државата ни е во сериозен проблем додавајќи дека владеачкото мнозинство секогаш ја правите иста грешка а тоа е дека кога има определено буџет за нешто што се состои од приходи и расходи и кога во него треба сите мерки да се вметнете најважниот фактор е факторот време, односно во кое време кој потег ќе се повлече.

„Овој потег почитувани колеги од мнозинството е задоцнето и тоа е факт“, вели Пренџов.

Во однос на измените на законот за царински намалувања Пренџов вели дека истиот требало да се донесе уште минатата година.

– Сметам дека овие царински намалувања, дополнети и проширени требаше ова собрание да ги донесе уште во месец август, најдоцна првата половина во месец септември. Доколку ги пратите тековите кои што се случуваат ќе видите дека оваа држава изминатиот период од кога вие почитувани колеги од мнозинството ги изгласавте неспособните на власт, имаме 2018, 2019, 2020 и 2021 година 28.000 компании затворени, и ова е податок од министерство за финансии, вели Пренџов.

Пратеникот зборуваше за заклучоците на меѓународниот монетарен фонд за Република Македонија, според кој се очекува состојбата дополнително да се влоши.

– Вчера заврши извршниот одбор на меѓународниот монетарен фонд има два интересни заклучоци, а тоа е дека ММФ предвидува дека 2022 година инфлацијата во оваа држава ќе се засили што значи дека животниот стандард ќе се намали, што значи дека ќе имаат уште потешко битисување во ова општество и она кое што е исто важно ММФ од ноќеска ни предвидува дека 2022 година приватните инвестиции ќе продолжат да заостануваат, рече Пренџов.

Пренџов истакна дека и индустриското производство изминатата година бележи 2,1 процент, што, како што изјави тој,
е сериозен проблем.

– Зошто ние овде не се договориме да кажеме дека задолжувањето за финансирање на буџетскиот дефицит изнесува 88 проценти од државниот долг, а 70 проценти од јавниот долг е резултат на финансирање од домашни или странски извори и дека оваа држава едноставно нема економија и дека ние сте одговорни во ова собрание дали ќе направиме да има економски услови за развој на компаниите или вака ќе продолжиме како се она што во владата го прават, или пак немаме доволно средства, затоа што средствата предвидени за ковид под палката на поранешниот премиер пола од нив се дадоа за гасната криза, праша Пренџов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

Пратеник го зakопа Бектеши: Заборави ли на…

Во емисијата ТОП Тема, во месец декември,…