(Видео) „Призма“: МПЦ-ОА oснова уште една фирма за бизнис со струја

t

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и австралиската компанија „Пела глобал лимитед“, од Перт, почнаа бизнис-соработка преку фирма што заеднички ја основаа, објави „Призма“.

Дејноста на фирмата „Константин енерџи“ е производство на енергија од обновливи извори.

Според податоците од Централниот регистар, фирмата е основана со паричен влог од 5.000 евра.

Директор е Aвстралиецот со македонско потекло, Николче Јовановски. Тој е еден од директорите на „Пела глобал лимитед“, фирма која работи на проекти за рударство и обновлива енергија низ Југоисточна Европа.

На страницата на „Пела глобал лимитед“ стои дека стратегија на оваа компанија ѝ се: унапредувањето и развојот на проектот за рестартирање на рудникот за кристалот антимон, во Крстов Дол, кај Крива Паланка и проектот за пронаоѓање злато кај кривопаланечко Луке.

Ова не е прв влез на МПЦ-ОА во енергетскиот сектор.

Во 2020 година МПЦ-ОА заедно со три физички лица и друштвото „Мелничко-пекарска индустрија Жито Караорман“, ја основаа хидроцентралата „Драгов дол“ од Кичево.

Претходно, базата на БИРН „Верски имоти под лупа“, покрај регистрираниот верски имот, откри дека МПЦ-ОА, освен храмови и манастири, поседува и завидна бројка станови, деловни простории, обработливи површини и туристички капацитети. Некои од нив ѝ носат заработувачка од закуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Призма“: МПЦ-ОА oснова уште една фирма…

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)…

Држава во распад: Сеизмолошките станици низ државава…

Од почетокот на 2026 година, Сеизмолошката опсерваторија…

Помина месец, полицијата уште „го бара“ заканувачот…

Полицијата и по еден месец нема што…

Обид за палење на Света Софија –…

Турската полиција го уапси мажот кој синоќа…

Убиство во Кавадарци!

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство…