(Видео) Професорот Гаревски дециден: Земјотрес не може да се предвиди!

t

Денеска во Тешки муабети ни гостува професорот Михаил Гаревски, сеизмолог и директор на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени.

– Не може да се предвиди земјотрес и сакам да кажам дека идејата и ентузијазмот дека ќе успееме да навлеземе како да ги предвидиме земјотресите, особено временски, ние локациите ги знаеме, одамна Јпонците, Кинезите, Русите го истражуваат тоа. Толку се плочите сложеби што практично не може тоа да се предвиди и најчесто откако ќе се случи земјотрес се јавува некој што вели дека го предвидел.

Има во Европа реигстрирано негде околу 530.000 земјотреси за 23 години, тука се вборјуваат и малите 2-3 степени и ако се погледне картата Европа е цела покриена со магнитуди од 2-3 степени и кон Медитеранот се зголемуваат боите за да стигне до црвена боја што означува магнитуда поголема од 7.

Ние секојдневно имаме 1000-2000 мали земјотреси, но ние не можеме да г предвидиме кога ќе се случат земјотресите. Генерално ние ги знаеме регионите каде се случуваат земјотреисте и има два појаса. Едниот каде се лучуваат 95% од земјотресите во светот е Огнениот прстен, тоа е околу Пацификот и вториот е т.т Алпски појас кој почнува од Португалија, оди низ Медитеранот, ја опфаќа Македонија, продолжува Турција, Иран и завршува некаде во Индија.

Тука се многу помалку земјотреси, 7-8 проценти од вкупните земјотреси на планетата.

Има едно званично предвидување кое се случило во Кина 1975 година, цел град е два дена пред главниот удар евакуиран и после два дена се случил катастрофален земјотрес ми се чини магнитуда околу 7,3-7,4 степени и ако не биле евакуирани ви имало 200-300.000 жртви.

Тие декларираат дека имало некои показатели, но има малку по литературата информации, имало форшокови пред главниот удар и дошло до некое оштетување, а како доказ дека не успеале во предвидувањето во друг град во Кина имало околу 300.000 жртви, не успеале да ги предвидат тие земјотреси.

Во минатото кога во Кина системот беше поригорозен, можело лесно да се евакуира и немало да има договорност и да не се случи земјотрес, таква евакуација некогаш е и ризична.

Има т.н во Америка, Свети Андреа раседот каде на 20-30 години се случуваат земјотреси со магнитуда 6,3 и во 93-та година Американците одлучија да стават брда од инструменти за мерење, но земјотресот се случил 5-6 години подоцна, објаснува Гаревски.

– Мои лични пријатели од Италија и врвни експерти, расговарале со експерти и новинари дали може да се случи земјотрес во 2009. година ги прашувале дали може да се случи и тие сметале дека не може да се случи земјотрес, а наредниот ден се случи катастрофален земјотрес со илјадници жртви, потоа беа и тужени, додава Професорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серија земјотреси на Алјаска: Можно е да…

Серијата земјотреси во близина на вулкан на…

Бројот на загинати во земјотресите во Турција…

Бројката на загинати во земјотресот во пограничниот…

(Видео) Интересни податоци: Кој бил најсилниот, а…

Најсилниот земјотрес кој се случил во Чиле…

(Видео) Има апликации за предупредување на земјотреси…

Има систем за рано предвидување на земјотреси,…