(Видео) Путин и Лукашенко заиграа хокеј по разговорите во Санкт Петербург

t

По разговорите во Санкт Петербург, рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко излегоа на мразот за да учествуваат на пријателски хокејски натпревар.
Натпреварот се одржува во ледената сала на спортското училиште „Манеж“ во Стрељна. Со претседателите играат и хокеарските легенди Александар Јакушев, Валериј Каменски и Алексеј Касатонов.

Пред натпреварот Путин им врачи државен медал.

Путин традиционално носи дрес со број 11, а Лукашенко со број 1.

На натпреварот учествува и најмладиот син на Лукашенко, Николај, кој го носи дресот со број 31.

На трибините на ледената сала е миленикот на белорускиот претседател – Шпиц Умка.
Во средата во Санкт Петербург се одржаа разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко. Средбата траеше околу три часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…