(Видео) Пу, пу не важи, владата се предомисли! Афрона Верзиволи ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите

t

По втор пат за неполн месец, владата назначува, па го повлекува предлогот за кадровските решенија. Откако медиумите објавија дека е сомнително назначувањето на Афрона Верзиволи за ревизор на ИПА Фондовите, а откако и Антикорупциска најави дека ќе отвори предмет, па и канцеларијата на ЕУ во Скопје дека ќе го проверува случајот, Владата се предомисли. Верзиволи ќе биде разрешена.

„Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Верзиволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра“, велат од Владата.

Проблемот беше нејзината биографија, односно тоа што не ги исполнувала условите за оваа позиција. Поточно, според информациите таа воопшто немала лиценца за ревизор.

Пред одлуката на Владата да ја разреши Верзиволи, се огласи и СДСМ.

„Најновите кадровски решенија за кои граѓаните се во шок, се новиот директорот на Клиниката за урологија Башким Шабани и главниот ревизор на Ревизијата на претпристапната помош, Афрона Верзиволи. Шабани има судска пресуда од 2020 година со која е виновен дека во 2019 претепал колега, удирајќи го по главата и по телото. Насилници и бивши осудени лица се очигледно главни кандидати за функционери и директори. Второто кадровско решение, Афрона Верзиволи, кое веќе го истражува Делегацијата на ЕУ во Македонија е целосно потценување на позицијата“, велат од СДСМ.

Ова е втор голем скандал со кадровските решенија. Пред две недели како кандидат на коалицијата ВРЕДИ, Владата го предложи Ибраим Елези за в.д директор на затворско одделение во Велес. Скандалот беше во тоа што Елези беше осуден и лежеше во затворот Идризово четири години поради продажба на наркотици. Откако медиумите го објавија неговото име и неговото досие, власта веднаш го повлече од списокот на новиот состав без никакво објаснување или коментар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пу, пу не важи, владата се…

По втор пат за неполн месец, владата…

Русија: Започна антитерористичката операција, користивме термобарична бомба

Русија најави таканаречена антитерористичка операција „за зголемување…

О2 за измените во Законот за урбанизам:…

Иницијативата О2 реагира на предлогот на Министерството…

„Опен АИ“ предупредува: Корисниците може да станат…

Компанијата „Опен АИ“ e загрижена дека корисниците…

Според анкетите, Харис води против Трамп: „Бројките…

Камала Харис води пред Доналд Трамп, покажуваат…