Објавено на:

(Видео) Ракетно бомбардирање на полициската станица во Харков

t

Русија извршила ракетен напад на регионалната полициска станица во градот Харков, јави новинската агенција УНИАН, чиј извештај го пренесуваат и западните медиуми.

Советник во украинската влада на мрежата Телеграм објавил и видео кое покажува дека зградата гори, a први снимки се појавија и на Твитер.

Антон Герашченко, советник во украинското МВР, исто така тврди дека од нападот се запалила и зградата на државниот универзитет „Каразин“ што се наоѓа во непосредна близина на полициската станица.

Претходно градоначалникот на Харков, кој е втор најнаселен град во Украина, изјави дека во руското гранатирање загинале најмалку 21 лице, а 112 се ранети, пренесе „Би-би-си“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден побара продолжување на испораката на оружје…

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…