(Видео) РЕЗИЛ – Вработен во ДСД “Скопје” со закани кон новинар: Лежев три години, ќе лежам уште пет ако треба! Кој ги чува студентите?!
Вработен во студентскиот дом “Стив Наумов” во Скопје им се заканува на новинари поради тоа што снимале герила акција на студенти од неколку студентски домови со која покажуваат во какви услови живеат студентите.
Како што може да видите на видеото во профолжение, вработениот кој се претставува како Метин Алии вели дека веќе лежел неколку години затвор и дека е спремен и повторно да оди во затвор, алудирајќи на тоа дека е подготвен да го нападне новинарот.
– Мене само Господ горе може да ми се заканува, друг не смее, ни директор, ме сфаќаш? Јас сум лежел три години брат, ако треба уште пет ќе лежам, овакви заканувања нејќам, му вели Алии на новинарот кој снимал каква е состојбата во една од зградите на студентскиот дом.
Алии, како што може да видите и во самото видео е веројатно член или симпатизер на СДСМ, со чии функционери има низа фотографии. На фотографиите може да се забележи и претседателот Стево Пендаровски.
Студентите пред неколку денови им упатија неколку креативни пораки на властите за што може да прочитате на слениот ЛИНК.
Се поставува прашањето дали кога некој се вработува, особено во инститција која згрижува и сместува студенти кои се денешницата и иднината на државата, има било каков критериум.
Како вработен кој бил во затвор од било кои причини е подобен да работи и секојдневно да комуницира со млади луѓе и стиденти? Дали партискиот клуч е пресуден дури и кога некој се вработува на позиција каде буквално во раце ја има иднината на државата?!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОМ ќе се изјасни за францускиот предлог…
Зелената партија ДОМ, инаку дел од владејачката…
Првпат ја отвори вратата на вилата на…
Цеца Ражнатовиќ првпат ги отвори вратите од…