(Видео) Ременски: На младите во 21 век им се поважни случувањата во Европа, отколку етничката припадност на Цар Самоил
Професорката Фросина Ременски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 посочи дека на младите во 21 век им се поважни случувањата во Европа отколку етничката или националната припадност на Царот Самоил.
„Дали се Бугари или Македонци според мене е излишна дебата, ако историските факти велат дека тој географски регион Македонија не може ниту за Бугарија, ниту за Македонија да биде фактор во кој ќе кажат едните или другите наше или ваше“, вели Ременски.
Таа вели дека нејзините историски извори со кои се консултирала велат дека всушност Цар Самоил е Ерменец, додека пак периодот на Василиј 1 и Василиј 2 носи назив Македонски поради географскиот регион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стотици борци на Вагнер пристигнаа во Централноафриканската…
Неколку стотици искусни борци на руската паравоена…